Monday, December 26, 2016

монитор

                                                           Монитор


Image result for мониторМонитор е приказен уред кој визуелно ги прикажува сликите кои ги генерира графичката картичка или друг уред со излезна видео порта. Ерата на мониторите покрај постојаните усовршувања воглавно ја означуваат две технологии и тоа првата и постара метода а тоа е со катодна цевка. Таа технологија се одликува со екрани кои зафаќаат поголема површина и имаат заоблен екран. Втората и најнова технологија е монитори кои се прилично слаби и со рамен екран и користат технологија на течен кристал.Големината на мониторот обично се изразува со должината на дијагоналата на неговиот екран. Меѓутоа проблемот на ова изразување е што не знаеме дали екранот е во квадратна форма или има некоја правоаголна форма односно има широк екран(widescreen). Во последно време покрај должината на дијагоналата е даден и односот на страните доколку тој е правоаголен(на пр. 4:3 или 16:9). Понова практика се мониторите со широк екран поради нивната погодност за гледање филмови и други видео содржини.Мониторите на основа на катодна цевка се една од најстарите технологии за монитори. Како што и самото име кажува се состојат од една цевка која на крајот се проширува и завршува со екран кој е обложен со фосфорен материјал. На тесниот крај од цевката се состои електронски топ кој испукува сноп од негативно нелектризирани електрони, кој потоа се насочува кон екранот кој е составен од неколку илјади точки(пиксели)обложени со флуоресцентен материјал. Па во зависност од тоа кои точки се погодени тие светат и се добива сликата. Катодната цевка има задача електричниот сигнал да го претвори во визуелен сигнал видлив зачовечкото око. 


Video for монитор▶ 20:18ane.anastasija.blogspot.comane.anastasija.blogspot.commonitor\\wwwane.anastasija.blogspot.com
Елементите на катодната цевка се сместени во стаклен балон, во кој владее вакуум, и таа е аксијално симетрична. Првиот дел од катодната цевка се нарекува електронски топ. Тој е сместен во грлото на цевката и има задача да создаде млаз од брзи електрони. Првиот дел од електронскиот топ е триелектроден систем со влакно за жарење, катода, решетка наречена Венелтов цилиндар и анода. Зажарената катода емитира електрони што ги привлекува анодата која е на повисок потенцијал од катодата. Бројот на електроните што одат кон анодата се контролира со напонот на Венелтовиот цилиндар. Анодата во средината е шуплива, така што забрзаните електрони продолжуваат да се движат во вториот дел од електронскиот топ. 

No comments:

Post a Comment