Музика
ane.anastasija.blogspot.comМузиката е уметност која се состои од звуци и тишина искажани преку временска единица. Елементи на звукот кои се користат во музиката се интензитетот ( вбројува мелодија и хармонија), ритам (вбројува такт и темпо), и вокални квалитети, како што се артикулација, динамика и текстура.
Употребата на музиката, во нејзиното создавање, изведба, значение па и во нејзината дефиниција, варира во зависност од социјалниот и културниот контекст. Таа варира од строго организирани композиции и перформанси до импровизација. За потребите на класификацијата таа е поделена во категории односно родови.
Музиката се користи за многу цели како на пример: Комуникација, религија, академско проучување, естетски форми, забава итн. Музиката од овој период се карактеризира со хомофонична текстура, овие нови форми тежат кон пеењето.

Најраните записи на музичко изразување се наоѓаат во Сама Веда во Индија. Индиската музика е една од најстарите музички традиции во светот, а класичната музика (марга) може да се најде во сктриптите на Хиндуистичката традиција односно во Ведите. Кинеската традиционална музика е стара повеќе од 3.000 години. Музиката била и важен дел од општествениот живот во Античка Грција. кадешто таа се користела за прослави, забави и во религиозни церемонии.
No comments:
Post a Comment